12 лица заразени со Ковид-19 во битолски „Сју Рајдер“
Епидемиолози од Центарот за јавно здравје влегоа во битолскиот дом за стари лица каде што се појави коронавирус. Бројот на заразени во установата се искачи на 12. Се следи состојбата и на на неколкуте вработени кои се само во домашна изолација...

По петочните два позитивни случаи во хосписот „Сју Рајдер“, изминаиов викенд бројката се искачи на 12 позитивни штитеници на Ковид- 19 од досега направените 30 тестови.
Од Центарот за јавно здравје велат дека во домашна самоизолација се и четири лица од вработените. Тестирањето продолжува и во следните денови без разлика дали некој има симптоми.
Ако се има предвид дека се работи главно за неподвижни штитеници и дека од почетокот на пандемијата забранети се посетите и влезот на неваботени лица, се ограничуваат претпоставките за влезот на вирусот во хосписот.
Сепак, вистинскиот одговор ќе се добие во деновите што следат бидејќи по штитениците ќе биде тестиран и целокупниот персонал, а се следат и симптомите на оние кои веќе се во изолација.
Стевче Митревски
