Коронавирусот му пркоси на занаетчиството

04.11.2020 15:36

На занаетчиството му пркоси коронавирусот. Во старата скопска чаршија работа, речиси и да нема, но и младите не сакаат да ја продолжат традицијата. Надлежните ветуваат подобри услови за занаетчиите и за туризмот. „Треба да се подготвите за посетителите кои со нетрпение чекаат да дојдат во Македонија“, вели евроамбасадорот Гир...

Зоран Таневски изработува свеќи. Занаетот го наследил од неговиот дедо. Семејната традиција трае  веќе седум децении. Вели дека занаетчиството во старата скопска чаршија полека изумира, работа речиси и да нема. Младите не сакаат да се занимаваат со занаетчиство, а сега им пркоси и корона вирусот.

Државата ветува дека ќе обезбеди подобри услови за занаетчиите, а со производите ќе се привлечат и туристите. Така, според нив, новите странски гости ќе се уверат во уникатноста на старата чаршија.

Водичот „Осамена планета“ ја вброи земјава меѓу десетте кои што треба да се посетат во текот на 2020 година. Треба да се подготвите за посетителите кои со нетрпение чекаат да дојдат во Македонија, рече евроамбасадорот Дејвид Гир.

Она што е важно, освен повторното заживување на чаршијата преку занаетите, е и зачувувањето на нејзиниот автентичен изглед, преку одржување на материјалите што се препознати за неа - каменот и дрвото.

Старата чаршија е едно од најзначајните обележја на Градот Скопје, таа со векови наназад претставува центар каде што се сплотуваат различните култури, народи и традиции.

 

Александра Спировска