Бектеши на состанок на Берлинскиот процес и ЦЕФТА

05.11.2020 11:00

Во рамките на официјалната сесија свое обраќање ќе имаат комесарот за соседство и проширување на Европската унија, Оливер Вархеји, како и вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Во рамките на заедничкото претседателство на Република Северна Македонија и Република Бугарија со Берлинскиот процес, денеска во Софија ќе биде одржан состанок на министрите за економија Крешник Бектеши и Лачезар Борисов.

Во рамките на официјалната сесија свое обраќање ќе имаат комесарот за соседство и проширување на Европската унија, Оливер Вархеји, како и вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи.

На двете пленарни сесии кои се однесуваат на зелената агенда на Западен Балкан и заедничкиот регионален пазар, покрај министри од земјите од Западен Балкан ќе учествуваат и претставници од ЕУ, Советот за регионална соработка, ЦЕФТА, Секретаријатот на енергетската заедница, Секретаријатот за транспортна заедница на Југоисточна Европа и претставници на други меѓународни организации и институции.

Поради состојбата со Ковид-19, состанокот во Софија ќе се одржи преку видео-конференциска врска.