КОВИД-19

Се зголемува бројот на заразени во Европа

05.11.2020 10:40

Зголемен број на инфицирани и во Франција и Германија. За да се забрза трансферот на тестовите за коронавирусот, една британска компанија создаде дрон чијашто намена ќе биде прецизна и брза достава на овие производи...

„Најновите ограничувања во борбата против ковид-19 кои влегуваат во сила во петок се однесуваат на локдаун во четири региони, вклучувајќи ја и Ломбардија “, изјави италијанскиот премиер Џузепе Конте.

Владата претходно објави нов пакет мерки со кои се зголемуваат рестрикциите во земјата која е поделена на три зони: црвена, портокалова и жолта зависно од интензитетот на епидемијата.

Зголемен број на инфицирани и во Франција и Германија. За да се забрза трансферот на тестовите за коронавирусот, една британска компанија создаде дрон чијашто намена ќе биде прецизна и брза достава на овие производи за да се заштеди време и да за забрза процесот на тестирање.