Проекции

Пад на економијата од 4,9% предвидува Европската комисија

05.11.2020 16:44

Европската комисија за корегираше прогнозите,наместо пад на македонската економија од мунус 3,9 насто, бруто домашниот производ в година ќе изнесува минус 4,9 проценти. Закрепнувањето ќе биде бавно и неизвесно, вработеноста ќе се намалува – стои во есенскиот извештај...

Пад на македонската економија од 4,9 насто до крајот на годинава проектира Европската комисија. Ги корегира прогнозите од пролетниот извештај во кој за БДП проектираше миунус 3,9 проценти. Неизвесноста со пандемијата, клучен проблем на глобално ниво. Бавно и неизвесно економско опоравување се очекува в година кога се предвидува раст од 3,8 насто.

„Постојат претпазливи сигнали дека домашната економска активност се зголемува, кредитирањето на приватниот сектор и натаму е оптимистично, а закрепнувањето во голема мера ќе се потпре на зајакнувањето на домашната побарувачка и веројатно ќе трае до 2022 година, токму поради непредвиливоста колку ќе трае пандемијата, влијанието врз пазарот на трудот ќе остане благо“, вели шефот на економскиот оддел при делегацијата на ЕК во земјава, Фрек Јанмат.

Домашната побарувачка иако поддржана од владините мерки останува пригушена, остриот пад на дознаките негативно ќе се одрази на домаќинствата. Мало зголемување на инвестициите и на надворешната потрошувачка од Европската комисија очекуваат во четвртиот квартал – стои во извештајот . По растот лани и неговите ефекти во вториот квартал, се предвидува намалување на работната сила, но се претпоставува дека стапката на невработеност ќе остане стабилна.

„Пазарот на трудот добро се држеше досега. Падот на вработеноста беше мал во вториот квартал, бидејќи, пред сѐ, странски копании ги задржаа своите квалификувани работници на платниот список. Со оглед на значителната владина поддршка за вработувањето, загубите на работни места предизвикани од кризата, најверојатно ќе останат благи и во втората половина на годината. Постепено продолжување на растот на вработеноста се предвидува за 2021 и 2022 година, во согласност со економското закрепнување“, вели Јанмат.

Државниот долг ќе надмине 50 насто од бруто домашниот производ, првичната стабилизација за в година се одлага, дополнително ќе расте и во 2021 и 2022 година, проектираат европските економисти во есенските прогнози за македонската економија.

 

Сузана Фиданска- Стоевска