Спортските таленти и пандемијата

06.11.2020 13:48

Долгиот период на пандемијата може да го уништи развојот на спортските таленти, но и да предизвика низа психолошки аномалии, предупредуваат експертите...

Општиот впечаток е дека младите се поимуни на пандемијата, но кога се работи за маладите спортски таленти вирусот пркоси на друг начин. По прекинувањето на карантинските мерки, првите направени тестови во однос на моторичките аспекти скоро да се разочаеувачки. Програмите за индивидуална работа можат да помогнат во одржувањето на физичката подготовка, но  затворањето на салите го нарушува процесот на надоградба во најзначајната фаза, тактичко техничката, велат спортските работници.

Според психолошките експерти, последиците можат да бидат посеопфатни кога младите таленти од една страна се соочуваат со стресот од животозагрозувачката состојба, а од друга со опасноста од иднината на нивната кариера. Психотерапевтите бараат едукација за да се предочат симтомите.

Не случајно светската спортска психологија апалера паралелно со спортските, да се практикуваат и психолошките тренинзи. Алатки имаме, само треба да се искористат, бидејќи спортот може да мирува, но не и спортистите.

Стевче Митревски