Млади стружани низ документарни филмови ги прикажуваат проблемите на градот

06.11.2020 14:21

Младите стружани низ документарни филмови ги претставија проблемите на градот. На креативен начин сакаат да ги поттикнат локалните институции на решавање на горливите проблеми. Се снимаат пет документарни филмови, а во првиот, фокусот е на дивоградбите на брегот на Охридско Eзеро...

Млади стружани снимаат пет документарни филмови за проблемите во градот на мостовите. Во првиот креативен филм, млада веслачка од Струга го раскажува проблемот со дивоградбите на брегот на Охридското езеро. Како низ годините се променила сликата на крејбрежието.

Во проектот се вклучени стручни филмски рабтници, режисер, сценарист, кинематограф и петнаесет млади од Струга, кои имаат за цел да ги поттикнат институциите за решавање на горливите проблеми во градот.

„Веќе е снимен тој документарен филм. Фокусот е на дивоградботе на крејбрежието меѓутоа раскажан преку една индивидуална приказна на млада веслачка од Струга, којашто го раскажува нејзиното искуство како сега гледа на крајбрежјето во споредба со нејзините почетоци“, вели сценаристот Јаков Попоски.

Апатијата и недовербата на младите во општеството, загадувањето и отпадот, потешкотиите за движење во градот на пешаци и инвалиди се главните теми во останатите филмови.

„Ние како филмски работници го избравме овој начин, а воедно и сме среќни што едуциравме 15-тина млади за основите на филмот. Можеби некои ќе продолжат посериозно да се занимаваат со филмска ументост. Особено сме горди што ќе останат пет филмови кои се напишани, режирани комплетно од Струга“, додава Попоски.

Филмовите премиерно ќе бидат прикажани во Центарот за култура во Струга на крајот од годинава. Тие се дел од проектот „Граѓаните на нашиот град, главни актери или неми статисти“ во организација на здружението за афирмација на култура „Багер Генезис“, поддржан од „Цивика Мобилитас“.

 

Соња Рилковска