Гасоводот Скопје- Тетово- Гостивар готов до втората половина на наредната година

06.11.2020 16:26

Гасоводната делница Скопје- Тетово- Гостивар во должина од 86 километри, заклучно со септември, е реализирана 66 проценти. Проценката е дека целосно ќе биде завршена во втората половина на идната година, вклучувајќи ја изградбата на мерните станици и краците кон градовите...

Се гради интерконекторот со Косово, кај Семениште во близина на гасоводот Скопје - Тетово - Гостивар. Според надлежните, во моментов се реализираат 65 милиони евра дополнително ќе бидат потребни уште 200 милиони евра. Гасоводната делница Скопје- Гостивар се очекува да биде готова до до крајот на втората половина на идната година. 

Според Реџепи, пандемијата и решавањето на имотно правните работи влијаело на реализацијата на градежните активности.

Изградбата на секундарната и терцијарната мрежа треба да обезбеди приклучок на гас по ниски цени за домаќинствата и за индустријата.

Преку интерконекторот со Грција, државата ќе обезбеди стабилно и континуирано снабдување со гас и конкурентни цени.

Идната година треба да почне изградбата на гасоводната делница од Неготино до Гевгелија, кога се очекува да бидат проектирани и делниците Кичево- Охрид и Охрид- Битола.

 

Дијана Ценевска