Закажана нова седница на Комисијата за надворешна политика
ВМРО-ДПМНЕ бара одговор од Владата за за нон-пејперот подготвен во Германија. Претседателот на Комисијата за надворешна политика Антонијо Милошоски за в четврток закажа нова седница за утврдување национален став за македонските ЕУ-интеграции. СДСМ останува на ставот- нема потреба за дебата за нешто што е очигледен факт, македонскиот јазик и македонскиот идентитет...

Заеднички став и национални црвени линии наспроти меморандумот на Бугарија треба да донесе Собранието, бараат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот на Комисија за надворешна политика Милошоски за во четврток закажа нова седница. Смета дека заеденички треба да се изгради став по блокадата од Бугарија за нашите евроинтеграции. Според Милошоски официјална Софија користи историски анахронизам, спротивен на европските повелби за човекови права. Вели дека одговорност има и кај македонската влада .
Од владејачката партија го повторија ставот дека е непотребно да се расправа во Собранието за фактите- македонсмиот идентитет и македонскиот јазик. Оттаму посочуваат дека се прават напори земјава да почне преговори за членство во ЕУ.
Комисијата за надворешна политика минатата недела не се одржа бидејќи не присуствуваа пратениците од владејачкото мнозинство и вицепремиерот за евроинтеграции Димитров и шефот на дипломатијата Османи.
Дијана Ценевска
