ЗАНИМЛИВОСТИ

Дали сте зависник од социјалните мрежи?

11.11.2020 09:49

Повеќето луѓе во денешно време користат една од социјалните мрежи, или повеќе од нив, без оглед на возрасната група. Прекумерната употреба на социјалните мрежи во секојдневниот живот може да создаде потреба за компулсивно, бесцелно прелистување што зазема значителен дел од нашето време, како и таканаречен страв дека ќе пропуштиме нешто ако не сме нон-стоп онлајн. Ова дополнително може негативно да влијае на концентрацијата и вниманието, квалитетот на спиењето, занемарувањето на обврските со поголем приоритет, социјалната интеракција во реалниот свет.

Со цел креаторите на социјалните мрежи да профитираат од нив, тие се дизајнирани да го привлечат и задржат нашето внимание, како по нивниот изглед, така и според содржината и можностите што ни ги нудат. Тие се направени за да го стимулираат лачењето на допамин (хормон на среќата), како позитивно зајакнување кога се прават интеракции на овој начин, тие добиваат лајкови, коментари, следбеници и слично. Сепак, важно е да се знае дека тоа е токму истиот механизам што постои во различни форми на зависност - кај коцкари, пушачи, корисници на психоактивни супстанции. Колку е почеста поддршката, толку повеќе ќе се одрази на одреден број луѓе, така што тие ќе поминуваат сè повеќе време на социјалните мрежи, да работат на објави, со цел да добијат што повеќе лајкови и коментари, со цел да се споделат што повеќе пати. Поточно, животот почнува да се врти околу тоа како ќе се прикажува на социјалните мрежи, што може да има штетно влијание врз другите сегменти од животот.

Кога се зборува за зависност од социјални мрежи, важно е да се истакне потребата секогаш да се биде во тек со она што се случува во виртуелниот простор, во чија основа е стравот да не пропуштиме нешто. Лице со овој страв треба веднаш да провери и да одговори на секое известување, плашејќи се дека ќе остане надвор од нешто, дека ќе пропушти повик на настан, дискусија или озборување во група, дека нема да одговори на нечиј коментар.

Овие лица се повеќе стануваат повлечемни и изолирани. Дури и додека се на своите работни места , тие имаат потреба  постојано да ги проверуваат социјалните мрежи и главниот фокус е на нив.

Поради страв да не пропуштат нешто од виртуелниот свет, тие почнуваат да ги занемаруваат своите основни обврски и  стануваат „робови“ на социјалните мрежи, кои почнуваат да бидат приоритет.

Дијана Гогова Атанасова