Проруските власти на Крим: маскираните војници се самоорганизирани сили

14.03.2014 17:37

Два дена пред референдумот кој ќе ја одреди натамошната судбина на Крим, русите испраќаат војници, камиони и оклопни возила во заливот покрај Севастопол.

Проруските власти на Крим велат дека нема руски војници вон руските бази и тврдат дека маскираните војници околу украинските воени објекти се самоорганизирани сили на Крим.

„Сергеј Аксјонов потпиша декрет за формирање погранична војска. Сега границата ја чуваат Козаците и Беркут, но наскоро таму ќе има војници“, изјави Виктор Мелниченко, новоназначен командир на пограничните трупи

Околу 1,8 милиони граѓани на Крим в недела на спорниот референдум ќе гласаат за својата иднина.

„Сигурен сум дека повеќето граѓани на Крим ќе го заменат своето државјанство за руско. Нема сомнеж дека сите жители ќе станат руски граѓани“, -  Рустам Темиргалиев, заменик заседавач на Советот на Министри на Крим