ЈАВЕН ПОВИК ЗА БЕСПЛАТНО ПОЛИТИЧКО ПРЕТСТАВУВАЊЕ

16.11.2020 14:41

Согласно со Изборниот законик, Првиот програмски сервис на Македонската радио телевизија има обврска да обезбеди бесплатно политичко претставување на кандидатите за Градоначалник на општина Пласница и Градоначалник на општина Штип за предвремените локални избори 2020.

МРТ ги повикува сите политички субјекти со потврдени листи за градоначалници од Државната изборна комисија, да го искористат своето право на БЕСПЛАТНО ПОЛИТИЧКО ПРЕТСТАВУВАЊЕ на своите изборни програми на Првиот програмски сервис. Снимањето на бесплатното политичко претставување ќе се одвива во периодот:
 
Од 30 ноември до 4 декември 2020 од 12.00 до 15.00 часот во студијата на Македонската телевизија.
 
МРТ ги известува политичките субјекти дека правото за бесплатното политичко претставување треба да го искористат за афирмација на својата изборна програма, со нагласување дека секоја дискриминација, навреда, клевета и омаловажување кон другите политички субјекти во презентациите нема да бидат земени предвид за емитување. 
 
Снимениот материјал ќе се емитува во периодот од 7 декември до 10 декември 2020 година од 16.00-23.00 часот. Закажувањето на снимањата на претставниците на политичките коалициии и партиите се најавуваат на следниот телефонски број: 071 350 848. 
 
Со почит,
МРТ