Вонреден инспекциски надзор за случајот со 41- годишната пациентка која почина во штипската болница
Државниот здравствен и санитарен инспекторат спроведува вонреден инспекциски надзор за случајот со 41-годишната пациентка која почина на инфективното одделение во штипската болница, соопшти Министерството за здравство...

Државниот здравствен и санитарен инспекторат спроведува вонреден инспекциски надзор за случајот со 41-годишната пациентка која почина на инфективното одделение во штипската болница, соопшти Министерството за здравство.
Комплетен извештај за начинот на третман на пациентката побарал и директорот Ален Георгијев.
Министерот за здравство Филипче одржа состанок со директорите од сите клиники на клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“ за епидемиолошката состојба поврзана со Ковид-19. Филичпче побарал од директорите да достават план за ослободување на дел од капацитетите за ковид-пациенти, ако има потреба за тоа.
Од ресорот здравство соопшуваат дека се очекува во наредниот период да се намали приливот на нови болни. Состојбата е сериозна, па затоа мора да се почитуваат пропишаните мерки, стои во соопштението од здравство.
Оттаму и информација дека од утре во пет здравствени институции во државата ќе се врши тестирање за корона вирус со брзи антигенски тестови. Тестирања ќе се прават во здравствените домови во Штип, Гостивар, Прилеп, Струмица, и општата болница во Кичево.
Брз тест може да закаже единствено матичниот лекар, и тоа доколку пациентот го исполнува алгоритмот.
