Политика

Заев: Не сме далеку од договор со Бугарија

23.11.2020 16:51

Македонија прави сѐ што е неопходно за постигнување на решение со Бугарија и не сме далеку од договор, само треба да имаме добра волја, смета премиерот Зоран Заев. Тој со задоволство би прифатил билатерална средба со бугарскиот колега Борисов и верува дека таа би можела да се одржи пред декемврискиот Совет на министри.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека владата на Заев е тотално изгубена и неспособна и во сегментот на надворешната политика. Прашуваат кој ќе биде сега резервниот план по сите македонски концесии.

Во меѓувреме, бугарското министерство за надворешни работи излезе со тврдења за наводни низа прекршувања на Договорот за пријателство од македонска страна.

Според премиерот Заев пак, Бугарија е таа што го прекршила договорот и тоа, член два од Договорот, со кој Софија се задолжи да му помага на Скопје во евроинтеграциите.

Марија Котовска