Битола: Се подготвува теренот за модуларен ковид-центар

24.11.2020 16:17

Во Битола се подготвува теренот за поставување на модуларен ковид центар со капацитет од околу стотина легла. На Инфективното одделение денот започна со еден новопочинат пациент. Инфектолозите велат, ова е најтешкиот период од постоењето на оделението...

Наспроти инфективното оделение на околу 1.000 метри квадратни интензивно се подготвува теренот за поставување на нов монтажен моедуларен ковид- центар со капацитет од стотина легла. Од општината која дава логистичка подршка во изведбените активности, велат дека за околу еден месец болницата ќе биде ставена во функција со современа медицинска опрема.

Последниов месец состојбите се загрижувачки, велат инфектолозите. Над половината од досега над 70 починати се од овој пеириод. И утринскиот билтен запона со уште еден починат. До изутрината се хоспитализирани 70 пациенти од кои дури 80 проценти се во незавидна здавствена состојба.

Зголемената смртност и подолгиот континуитет на новозаболени, како и да се биде во првите пет градови, кај граѓаните го зголеми психолошкиот страв.

Стравот го поткрепи и податокот што бројот на новозаболени се зголемува, а и над илјада лица се во самоизолација и нема речиси индустриски капацитет или установа каде вирусот нема влезено.

Стевче Митревски