Здравство

Во „Мала Богородица“ ќе се третираат пациенти со лесна и средно- тешка клиничка слика

24.11.2020 16:28

Лекари назначени од Министерството за здравство ќе одлучуваат кој сѐ ќе биде сместен во новиот ковид-центар во поранешната болница „Мала Богородица“ во Скопје. Лекувањето таму ќе биде на товар на државата. Ќе бидат третирани пациенти со лесна и средно- тешка клиничка слика, а оние најкомплицираните, како и досега, ќе бидат хоспитализирани во болницата „8-ми Септември“ и на Клиниката за инфективни болести...

Координативното тело на Министерството за здравство кое што ќе одлучува кој сѐ ќе биде сместен во новиот ковид центар во поранешната болница  „Мала Богородица“, освен што ќе ја одредува клиничката состојба на пацинетот, ќе ја препишува терапијата и ќе прави надзор на лекувањето на пациентите.

Начелно, таму треба да бидат лекувани пацинети со лесна и средно тешка клиничка слика. Болничкиот третман ќе биде на сметка на државата. Оние во тешка состојба како и досега ќе бидат хоспитализирани во ГОБ „8 Септември“ и Клиниката за инфективни болести.

Науката сѐ уште не може да детектира пацинети со кои болести или компликации најчесто завршуваат на кислородна поддршка. Едни пацинети коронавирусот го поминуваат без симптоми, додека други без коморбидитети завршуваат и фатално. Светската здравствена организација бара одговор на оваа прашање. Доктор Каламарас вели најверојатно ќе се потврди дека голема улога има генетиката.

И додека науката бара одговори, болничките капацитети се полнат. Ако правните процедури, опремувањето на новиот ковид центар во „Мала Богородица“ се завршат деновиве, првите пацинети ќе може да ги прими наредната недела. За 100 болни, колку е болничкиот капацитет, ќе се грижат 5 лекари, 30 медицински сестри и останат персонал, кој ќе биде од приватните болници „Аџибаден Систина“, „Жан Митрев“ и „Ремедика“.

Наташа Јанчиќ- Менковски