Мухамед Зекири- нов генерален секретар на Владата

24.11.2020 20:28

Зекири неодамна си поднесе оставка од пратеничката функција, а Собранието веќе ја констатираше оставката. Тој доаѓа на местото на досегашниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.

На денешната владина седница, Мухамед Зекири е именуван за нов генерален секретар на Владата. Зекири неодамна си поднесе оставка од пратеничката функција, а Собранието веќе ја констатираше оставката. Тој доаѓа на местото на досегашниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.

На 24-тата седница, Владата меѓудругото го утврди текстот на предлог- законот за регистрација на возила со странски регистерски таблички со намалени давачки до 50 насто. Одредбите од овој Предлог- закон се однесуваат на возила увезени до први октомври годинава и со најмалку Еуро 4 стандард.