Регистрирани 20.711 активни случаи на Ковид-19 во земјава, речиси половината во Скопје
Во претходното деноноќие се евидентирани 1.039 нови случаи на Ковид-19 од направени 3.143 тестирања. Има 998 оздравени пациенти, а починаа 15 лица. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 56.164. Оздравени се 33.892 лица, а битката со кронавирусот ја загубија 1.561...

Вкупно 20.711 активни случаи на Ковид-19 се регистрирани во земјава, од кои речиси половината 9.985 се во Скопје, а во болниците се лекуваат 1.290 пациенти. И покрај растот на бројот на инфицираните, сепак, болниците располагаат со слободни кревети. За да се овозможат дополнителни простории за лекување на заболените, од понеделник на располагање ќе бидат ставени и дел од капацитетите и медицински екипи и од приватните болници.
Во претходното деноноќие се евидентирани 1.039 нови случаи на Ковид-19 од направени 3.143 тестирања. Има 998 оздравени пациенти, а починаа 15 лица. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 56.164. Оздравени се 33.892 лица, а битката со кронавирусот ја загубија 1.561.
Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 16-ти до 22-ри ноември регистрирани сe 7.486 позитивни случаи во 35 градови во државата. Заболени има во сите возрасни групи. Најзастапени се лицата над 60 години. Најмал број е регистриран кај децата до девет години, и од 10 до 19 години.
Надлежните уверуваат дека и покрај големиот наплив на пациенти, тие се во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.
