Пендаровски: Решение на спорот со Бугарија само со почитување на достоинството на македонскиот народ

26.11.2020 16:51

Моето 20-годишно искуство во меѓународната политика ми овозможува прецизно да ги мерам зборовите и ставовите кои ги искажувам кога разговарам со моите бугарски соговорници и со нашите пријатели од меѓународната заедница - вели Пендаровски.

„Македонско-бугарскиот спор може да се реши само ако доследно се почитува достоинството и на македонскиот и на бугарскиот народ и со избегнување на опасната замка на историскиот ревизионизам, кога тој наместо врз факти, е заснован врз политички конструкции“, вели претседателот Пендаровски за „Дојче Веле“ по интервјуто на премиерот Заев за БГНЕС.

Додава- во сите мои јавни настапи јасно кажувам дека антифашистичката борба е во темелите на современата македонска држава, а во таа борба сме се бореле против оние кои беа на страната на фашистите.