Собранието ја избра Добрила Кацарска за уставен судија

26.11.2020 17:20

Ќе има мандат од девет години. Кацарска беше судијка во Кривичниот суд во Скопје и судеше повеќе значајни предмети како „27-ми април“ и „Тенк“.

Доцна попладнево, со 61 глас „за“ и во отсуство на опозицијата, Собранието ја избра Добрила Кацарска за судија во Уставниот суд, по предлог на Судскиот совет.

Кацарска ќе има мандат од девет години. Кацарска беше судијка во Кривичниот суд во Скопје и судеше повеќе значајни предмети како „27-ми април“ и „Тенк“.

Во попладневната работа, со гласовите на 61 присутен пратеник, Собранието изгласа десетици закони и одлуки, за кои расправата беше затворена изминатите недели.

За потпретседатели на Собранието избрани се Горан Мисовски од НСДП и Фадиљ Зендели од БЕСА.