Евроинтеграции

Работните групи бараат решение

29.11.2020 16:41

Владејачките партии бараат одговори, опозиционерите оставки. СДСМ го обвини Мицкоски дека работи против сопствената држава во важен период за нејзината иднина. Според ВМРО-ДПМНЕ, Заев ја претворил државата во тезга и продава идентитет, јазик и историја. Од него бараат да си замине...

На десетина дена пред Советот на министри на ЕУ, на кој треба повторно на дневен ред да се стави прашањето за официјален почеток на преговори на земјава со ЕУ, работните групи во двете министерства за надворешни работи разговараат за решение.

На домашен терен, власта бара одговори, опозицијата оставки. ВМРО-ДПМНЕ обвини дека ќе се потпише патоказ на Договорот со Бугарија кој за нив е неприфатлив.

Од владеачката СДСМ велат дека веќе има Договор за добрососедство со Бугарија и нема да има нов договор или анекс договор. Додаваат дека за македонскиот идентитет и македонскиот јазик ниту се преговарало, ниту ќе се преговара.

СДСМ истакна дека не се оствариле предвидувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски дека викендов Македонија ќе се распарчи во Софија. Оценија дека во важен период за државата се шират лажни вести како во случајот со Преспанскиот договор.

Ирина Гелевска