Аерозагадување

Скопје тешко дише, чист воздух на Водно

29.11.2020 16:46

Се потешко пробиваат сончевите зраци во главниот град. Од повисоките планини што се околу него, тешко може и да се види. Скопјани, и стари и млади, на Водно. Велат – одиме на чист воздух за посилен имунитет. Поради згаденоста, Владата ги активираше мерките за превенција во Тетово, Куманово и Кавадарци...

Скопје тешко дише. Секоја зима сликата е иста. Граѓаните се жалат на лоша миризба и енормна загаденост. Состојба не е ништо подобра и во другите градови. Воздухот е посебно опасен за чувствителни категории на граѓани.

На Водно уште од рано наутро се бара чист воздух. Присутни се дури и најмалите.

Големо ниво на ПМ 10 честичките во воздухот забележаа мерните станици во неколку скопски општини.

Најаларамантна е состојбата е во Ново Лисиче каде загадувањето достигна над 450 микрограми на метар кубен.

Медицинските истражувања покажуваат дека вирусот Ковид-19 може да се врзе за ПМ честичките и наместо да падне на земјата да биде пренесуван преку воздухот. И европските експерти предупредија дека загадувањето во комбинација со коронавирусот може да има уште посмртоносни ефекти.

 

Дијана Ценевска