Рикер со писмо до Заев
Државниот секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт Департмент, Филип Рикер, испрати писмо до премиерот Зоран Заев...
„Пристапувањето на вашата земја во Европската унија останува наш врвен заеднички интерес и ние ќе продолжиме да го застапуваме настојувањето и поддршката заедно со нашите европски партнери за одржување на меѓувладината конференција со Република Северна Македонија за време на германското претседателство во ЕУ“, писмо од помошник- државниот секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт Департмент, Филип Рикер, до премиерот Зоран Заев.
Во него, уште се вели – Ве охрабруваме и Вас и земјите- членки на Европската унија да продолжите да барате решение за билатералните прашања надвор од процесот за интеграција на вашата земја во ЕУ и да остварувате прогрес во овие аспирации со отворање и затворање на поглавјата во преговорите.
