Борисов: Загрижен сум за моменталните случувања
„Во Бугарија нема македонско малцинство...какво македонско малцинство треба да има во Бугарија?“, вели бугарскиот премиер во интервју за „Франкфуртер Алгемејне Цајтунг“...

„Единствената земја што би сакала почеток на пристапни преговори со нашата соседна република, дури и повеќе од Германија, е Бугарија... Но, за мене беше големо изненадување што неодамнешната резолуција на Европскиот парламент за Бугарија го отвори прашањето за наводно македонско малцинство во Бугарија“ – вели во интервју за „Франкфуртер Алгемејне Цајтунг“ бугарскиот премиер Борисов и додава: „Во Бугарија нема македонско малцинство...какво македонско малцинство треба да има во Бугарија?“
И бидејќи Социјалистите во Бугарија гласаа за резолуцијата во Европскиот парламент, тие очигледно, исто така, веруваат дека такво малцинство живее со нас...наместо да водиме позитивна дебата за европскиот пат на Република Северна Македонија, сега одиме кон една сосема поинаква дебата...морам да кажам дека навистина сум загрижен за овие случувања- вели Борисов во интервјуто.
