Наместо да пиете лекови, сами зајакнете ги своите коски на природен начин
Ако пушите цигари, многу седите, пиете лекови, внесувате многу кофеин и јадете нутритивно сиромашна храна, голема е веројатноста дека вашите коски имаат намалена минерална густина. Тоа за жал го зголемува ризикот од кршливост на коските. Но, доколку се храните здраво, во организмот внесувате изобилство од минерали и витамини, редовно вежбате, не треба да се плашите од остеопороза.

Со децении се препишуваа лекови за остеопороза, посебно на жените, а алтернативните методи се потценуваа. Но, денес многу научници потполно се сложуваат со алтернативните лекари и се повеќе ги потврдуваат штетните дејства на конвенционалните лекови за остеопороза. За лекување на остеопорозата сега се препорачува здрава исхрана, вежби, внес на витамини и минерали. Научниците ја потврдуваат штетноста и нус појавите од лековите. Не само што немаат ефект туку бисфосфонатите ја пореметуваат нормалната структура на коските, така што ја блокираат коскените клетки кои ги разградуваат старите коскени клетки и прават место за нови млади коскени клетки кои пак создаваат ново здраво коскено ткиво. Како резултат на тоа новите коски се градат на старо коскено ткиво, наместо тоа да се разгради и исфрли, а на негово место да дојде ново. со овие лекови се зголемува густината на коските, но таа станува неприродна. Здравјето на таквите коски е под знак прашалник-вели нутриционистката Карен Чапман- професорка на Универзитетот Илиноис, која своето истражување го објави во реномираниот часопис ,,Нутриентс“. Освен овие докази, истражувањата покажале и дека бисфосфонатите предизвикуваат сериозна срцева аритмија, која може да биде и смртоносна. „ Тестовите за мерење на густината на коските се далеку од прецизни.-вели таа. Тие ја мерат само густината, но, не и квалитетот. Иако покажуваат дека е се во ред, сепак може да дојде до фрактура и обратно.“
Лековите би требало да бидат последен избор, а најпрво треба да се почне со здрав животен стил, пред се здрава исхрана. По 10 годишно истражување експертите дошле до заклучок дека со внесот на калциум и витамин Д се зголемува густината на коските, а тоа драстично го намалува ризикот од фрактура на колковите. За квалитетот поволно делуваат и минералите како магнезиум, калиум и лизин. Токму ова го тврдеше алтернативната медицина која беше отфрлена од конвенционалната медицина. Затоа кај остеопорозата се препорачуваат намирници кои содржат големи количества на овие нутриенти или надополнување со додатоци на исхраната, како и со редовно сончање. Калциумот е градежниот материјал на коските, го има во сусамот, алгите, кељот, бадемот, во брокулата и другите зелени зеленчуци кои ја впиваат сончевата енергија, а дури потоа млечните производи. Лизинот ја подобрува апсорпцијата на калциумот, односно го спречува губењето од организмот, а ја поттикнува изградбата на коскеното ткиво. Го има во органската соја, во гравот, млекото, сирењето, наутот, леќата , амарантот и други растенија. Магнезиумот исто така ја подобрува апсорпцијата на калциумот и помага во изградба на коските. Треба да се јаде лиснат зелен зелнчук, интегрални житарки, ореви и друго јаткасто овошје и разни семки. Се ова дополнето со редовно изложување на сонце претставува благодет за коските. Да не го заборавиме и вежбањето кое исто како кај зацврстување на мускулната маса, делува и за одржување на коскената маса. Освен пешачењето се препорачуваат и вежби со тегови со мала тежина, склекови, пливање, јога, таи чи и други телесни вежби. Исхраната со живи плодови или сурова исхрана може да биде лек за остеопорозата за што се напишани многу книги и научни трудови. Преработките или „мртвата храна“ полна со адитиви, пестициди, хормонии разни други хемикалии му наштетуваат на организмот воопшто, а не само на коските.
Познатата хрватска актерка Нада Роко се излечила со еколошки одгледана сурова храна и за тоа пишува во својата книга „ Моите сурови страсти“, во која открива неколку рецепти од свежи нутритиенти , со кои успеала не само да ја излекува остеопорозата туку и алергиите, се ослободила од масните наслаги и ја подобрила крвната слика.
Еве неколку рецепти за суров појадок од кељ
1.Чоколадно фрапе со кељ:
Се блендира 1 голема банана неколку ливчиња од свеж кељ, 2 урми без семки, 1 чаша боровинки, 1 лажица какао во прав, 5 коцки мраз и 1 ипол чаша вода.
2. Тропско фрапе со кељ:
1 голема банана 1/4 авокадо, 150 гр свеж кељ, 1/4 чашка ананас, исто толку манго, 1 лажица кокосово млеко, 1 лажица агаве сируп, 1 ипол чаша вода.
3 Кељ со боровинки и јагоди:
1 голема банана, 1 чаша боровинки, 1/2 чашајагоди, 150 грама кељ и 1,5 чаша вода.
Еден вака изблендиран фрапе е еден оброк, а со секојдневна примена на ваква исхрана на подолг период се постигнуваат саканите резултати. Особено се добри како превентивна мерка.
Соња Стојановска
