ЦУК бара да се продолжи кризната состојба

30.11.2020 21:38

Продолжување на кризната состојба за нови 30 дена бара Центарот за управување со кризи. Во соопштението велат дека на состанокот е одлучено од Владата да се побара да достави предлог до Собранието за продолжување на прогласената кризна состојба...

Продолжување на кризната состојба за нови 30 дена бара Центарот за управување со кризи. Во соопштението велат дека на состанокот е одлучено од Владата да се побара да достави предлог до Собранието за продолжување на прогласената кризна состојба.

Од Центарот за управување со кризи велат дека целта е заштита на јавното здравје во услови на пандемија и спречување ширење на коронавирусот.

Во моментов тече 11-тиот ден од кризната состојба која беше прогласена на 20-ти ноември.