Мицкоски најави протести пред Владата и МНР

30.11.2020 21:43

Само политички аматер може да потпише договор во кој што критериум за напредокот на Македонија и нејзината интеграција во рамките на ЕУ ќе бидат лингвистичките проблеми и проблемите со историјата, вели Христијан Мицкоски во видео обраќање

Само политички аматер може да потпише договор во кој што критериум за напредокот на Македонија и нејзината интеграција во рамките на ЕУ ќе бидат лингвистичките проблеми и проблемите со историјата, вели Христијан Мицкоски во видео обраќање. Додава, сега мораме тоа да го спречиме. Лидерот на опозициската партија за утре најави протести пред Влада и МНР.

„Ова се историски моменти. Ова се моменти кога се одлучува и за иднината на македонскиот народ, македонската нација и македонската држава. Ова се моменти кога се потврдува тезата дека договори потпишани набрзина, не само што не се решение туку напротив самите по себе претставуваат проблем за иднината на Македонија во рамките на ЕУ. Тоа за жал не успеа да го види Зоран Заев и денеска наместо решение истото тоа претставува проблем“, вели Мицкоски во обраќањето.