МВР: 202 санкционирани возачи во Скопје

01.12.2020 09:53

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 202 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 18 санкции, 13 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 65 санкции за непрописно паркирани возила...

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 202 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 18 санкции, 13 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 65 санкции за непрописно паркирани возила, 49 возила се подигнати од „пајак“ службата и 21 санкција за ненозесење заштитна маска. 

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот- соопштуваат од МВР.