Владата денеска ќе ја одржи 25-тата седница

01.12.2020 09:56

Владата денеска ќе ја одржи редовната 25-та седница преку видео- конференциска врска со повеќе точки на дневен ред, соопштуваат од владината прес- служба.

Владата денеска ќе ја одржи редовната 25-та седница преку видео- конференциска врска со повеќе точки на дневен ред, соопштуваат од владината прес- служба.

На денешната седница пред министрите ќе се најде Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи, како и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Македонската банка за поддршка на развојот, чиј предлагач е Министерството за финансии.

На предлог на Министерството за економија на оваа седница ќе се утврдуваат и Предлогот за закон за развој, производство и промет на воени стоки, како Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за едношалтерски систем и водење трговски регистар и регистар на други правни лица.

На денешната седница ќе биде разгледана и ставена на усвојување Предлог - програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2020 година.

На дневен ред на денешната седница, меѓу другото, е и Информацијата за спроведување на Стратегијата за развој на женското претприемништво во Република Северна Македонија 2019 – 2023 година.