Меркел: Се соочуваме со потешкотии за одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија
Се соочуваме со потешкотии за одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија, изјави германската канцеларка Ангела Меркел на видео-конференција со парламентарците од Европа. Според неа, сѐ уште има шанси тоа да се случи оваа година, во текот на германското претседавање со ЕУ...
Се соочуваме со потешкотии за одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија, изјави германската канцеларка Ангела Меркел на видео-конференција со парламентарците од Европа.
Според неа, сѐ уште има шанси тоа да се случи оваа година, во текот на германското претседавање со ЕУ.
Посветивме големо внимание на Западен Балкан. Берлинскиот процес се покажа како добра иницијатива што дава резултати. Албанија направи голем напредок, но во случајот со Северна Македонија е прашање дали ќе успееме навреме, бидејќи има потреба од разговори меѓу Бугарија и Северна Македонија, како што сите знаат, кажа Меркел во говорот на видео-конференцијата.
