Последни подготовки за референдум на Крим

15.03.2014 17:56

Во средиштето на нишанот, Крим ги прави последните подготовки за утрешниот референдум на кој се очекува да и ја предаде контролата на Москва, и покрај заканите со санкции и осудата на Западот.

„Се е подготвено за утре жителите на Крим да добијат можност да ја кажат својата визија за ситуацијата на гласачките места“, вели Михаил Малишев, шеф на Изборната комисија на Крим.

Властите во Симферопол очекуваат гласањето да помине мирно, обезбедувано од 10 илјади припадници на самоодбраната и уште 5 илјади полицајци.

„Силите за самоодбрана ги обезбедуваат клучните локации, се разбира, со оружје, а како поинаку. Ги штитат од провокатори, но не со закана да пукаат“, вели Сергеј Аксионов, самопрогласен премиер на Крим.

Во Киев, украинскиот парламент гласаше за распуштање на кримското регионално собрание и за предвремени избори на Полуостровот. Националистите бараа и санкции за да се обесхрабри било какво слично движење на истокот на Украина. Новата власт е свесна дека поддршката од Западот ќе биде само формална.

„Верувам дека 14 од 15 членови на Советот за безбедност ќе гласаат за резолуцијата. Русија има право на вето, но тоа ќе докаже дека не сака мирно решение“, изјави Андреј Дешчицја, министер за надворешни работи на Украина.

Нешто повеќе од 12 часа пред референдумот, во Москва, под руски и украински знамиња, илјадници луѓе протестираа за мир и против анексијата.

„Јасно е за референдумот, ќе продолжи на нишан и ќе покажат дека гласале 140, а дури и 200 проценти од населението. Излезноста е веќе договорена“,  вели Дмитри Гудков, руски пратеник.

Ноќта во Харков, во престрелки со огнено оружје за време на проруски и проукраински протести, загинаа најмалку две лица. Москва и Киев си ја префрлаат одговорноста. Украина стравува дека Русија ќе ги искористи нередите како изговор за интервенција.

Ивана Салтировска