Филипче утре на средба со координативното тело за вакцината за Ковид- 19
Како што соопштуваат од Министерството за здравство, на состанокот ќе се разгледува стратегијата за имунизација со вакцина за Ковид-19 како и за приемот и дистрибуцијата на вакцините, категориите на граѓани кои ќе бидат први вакцинирани, како и текот на постапката на вакцинација.

Министерот за здравство Венко Филипче утре ќе има работен состанок со Координативното тело за вакцини за Ковид-19 преку КОВАКС механизмот, кој обезбедува глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни вакцини, потврдени и регулирани од Светската здравствена организација.
Како што соопштуваат од Министерството за здравство, на состанокот ќе се разгледува стратегијата за имунизација со вакцина за Ковид-19 како и за приемот и дистрибуцијата на вакцините, категориите на граѓани кои ќе бидат први вакцинирани, како и текот на постапката на вакцинација.
На состанокот ќе се разгледаат и искуствата на европските земји во делот на подготовките за вакцинација, по што јавноста ќе биде информирана за оперативниот план за вакцинација за Ковид-19.
