Спроведени уште триесетина надзори за починати од Ковид-19
Од почетокот на пандемијата, Државниот санитарен и здравствен инспекторат спровел уште 30-тина вонредни инспекциски надзори во болниците низ земјава, во тек се уште 9 за помлади пациенти кои ја загубија битката со коронавирусот. Но, досега јавноста не доби конкретна информација за ниту еден од случаите и сомнежот дали имало пропуст во лекувањето, освен образложението дека се иницирани вонредни стручни надзори...

И по речиси два месеци, нема епилог од инспекциските надзори во штипската болница каде почина 41- годишната пациентка за која семејството тврдеше дека не добила соодветна медицинска нега, поточно кислород. Сѐ уште не се знае кои биле околностите кои довеле до смртниот исход.
Освен за овој случај, од почетокот на пандемијата, Државниот здравствен инспекторат спровел уште 30-ина вонредни инспекциски надзори во болниците низ земјава, во тек се уште девет за помлади пациенти кои ја загубија битката со коронавирусот. Но, досега јавноста не доби конкретна информација за ниту еден од случаите дали имало пропуст во лекувањето, освен образложение дека се иницирани вонредни стручни надзори.
Во земјава никогаш немало протоколи дека починатите од коронавирус треба да се погребуваат во залемен лимен сандак – велат од здравствениот инспекторат. По девет месеци владата утврди дека не е правно нормирано починато лице на овој начин да биде погребувано откако над 1.800 пациенти ја загубија битката со коронавирусот.
Пазарниот инспекторат во петокот кога граѓаните масовно пазаруваа на попуст во шопинг центрите во време на пандемија не забележал отстапување од протоколите.
Во болниците низ земјава се лекуваат повеќе од 1.300 пациенти позитивни или сомнителни на Ковид-19, надлежните велат- има уште 130 слободни кревети.
Андријана Атанасовска
