ДОБРОСОСЕДСТВО

Историчарите разговораат, политичарите преговараат

03.12.2020 16:06

По бугарските, на преглед содржината во македонските учебници по историја за средновековниот и раноосманлискиот период. Историчарите од мешовитата комисија на нова средба. Засега, ветото од Софија останува, но потрагата го решение продолжува...

Песимистички најави дека нешто може да решат македонската и бугарската историска комисија која два дена онлајн ќе дебатира за содржината на македонските учебници по историја за средновековниот и раноосманлискиот период, но и за херојот Гоце Делчев.

Песимизмот доаѓа од изјавите на првите луѓе на комисиите. Откако бугаринот Ангел Димитров посочи дека македонската страна нема воља за решавање на клучните прашања, македонецот Драги Ѓеоргиев беше зачуден од  политичката изјава на неговиот колега. Премиерот Заев останува оптимист. Комисијата треба да усвои уште 11 записници, вели тој, и посочува дека за него тоа е позитивен сигнал.

Министерот за надворешни Бујар Османи инсистира Договорот со Бугарија да се спаси преку акциски план кој вели, опфаќа инфраструктурни проекти и исполнување на обврските од потпишаното. Не негира дека илузорно е од Европската комисија да се очекува да има еднаков однос кон нејзина земја- членка и земја- кандидат.

Опозицијата за проблемот со Бугарија останува на ставот дека треба да се отвори собраниска, но и поширока јавна расправа. Потребно е да се постигне консензус по ова прашање, вели Антонио Милошоски.

Иако сите посакуваат решение во спорот Македонија- Бугарија, сепак еврокомесарот Вархеји посочува дека сѐ помалку е извесно дека до крајот на годинава ќе биде усвоена Преговарачката рамка и ќе почнат преговорите со Македонија.

Миле Ристески