Трамп: 207 милиони долари за оспорување на изборите
04.12.2020 11:33
Трамп и Националниот конгрес на Републиканската партија собраа 207,5 милиони американски долари за да ги оспорат резултатите од изборите во САД.

Изборниот штаб на американскиот претседател Трамп и Националниот конгрес на Републиканската партија собраа 207,5 милиони американски долари за да ги оспорат резултатите од изборите во САД.
Според резултатите од гласањето, на изборите победи кандидатот на демократите, Бајден. Но, Трамп реши да покрене правна постапка поради наводни нерегуларности и измами, кои според „Ројтерс“ не биле поткрепени.
