КОВИД-19

Русија почна да го имунизира населението со „Спутник 5“

05.12.2020 16:19

Во Москва веќе почна имунизацијата на населението со вакцината „Спутник 5“. Во руската престолнина се отворени 70 центри за вакцинација.

Русија во пионерски подвиг во битката против Ковид-19. Во Москва веќе почна имунизацијата на населението со вакцината „Спутник 5“. Во руската престолнина се отворени 70 центри за вакцинација.

Свесно ја донесов оваа одлука. Повеќе се плашам од заразата отколку од вакцината.

Докторот кој ги прегледува пациентите пред вакцинирањето, им го дава својот број за да можат да го контактираат по примената доза.

Подоготвки за имунизација и во Обединетото Кралство, кое е првата земја на Запад што ја одобри вакцината на „Фајзер“.

Очекуваме по 400 вакцини дневно, па потоа по 500, па бројот ќе се зголемува. Почнуваме да планираме, преземаме сè за да одговориме на приоритетниот список“, вели проф. Нина Морган, шеф на медицински сестри.

Алармантни статистики и преку Атлантикот. „Фајзер“ и „Модерна“ поднесоа барање до Агенцијата за храна и лекови (ФДА). Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден изјави дека вакцината нема да биде задолжителна.

Нема да бидеме заморчиња. Десетици милиони Американци ќе ја примат вакцината, тројца поранешни претседатели ќе го сторат тоа пред јавноста. Ќе биде тешко да се врати довербата на народот во науката која беше уништена со оваа администрација“, изјави Бајден.

Главниот инфектолог Ентони Фаучи тврди дека вакцината не е 100-процентно решение доколку не се почитуваат останатите мерки, особено во празничниот период за кој треба да бидат предвидени построги протоколи.

Вакцината дава надеж, но сè уште не сме стигнале до целта. Клучот е во комбинацијата на повеќе работи. Пред нас е божиќната сезона, предизвикот се зголемува“, изјави д-р Ентони Фаучи, директор на Националниот институт за алергии и заразни болести.

Европол предупреди за опасност од измами за организиран криминал со вакцините, вклучувајќи и продажба на лажни производи или кражба на пратки од лиценцираните компании. 

Маја С. Филдишев