Агрометео

Врнежите иако недоволни, добредојдени за земјоделците

07.12.2020 10:31

Врнежите од дожд сѐ уште се недоволни за потребите на земјоделците, но, се сепак добредојдени, и подолго време очекувани. Ваквото време се предвидува да ги подобри и хидролошките услови во земјава...

Промената за времето во текот на викендот иако со мали количества на врнежи од дожд, сепак земјоделците ги сметаат како добредојдени. Ова особено што и во текот на оваа недела Управата за хидрометеоролошки работи прогнозира исти или слични временски услови кои донекаде ќе успеат да ја ублажат состојбата и последиците од есенската суша која во последниов период се задржи над нашето поднебје.

Променливото време на целата територија во земјава, со врнежи од дожд се очекува да ја подобри состојбата во земјоделството, особено кај есенските посеви. Дождот ќе биде поволен и бериќетен не само за почвата, туку и за хидролошката состојба односно ќе помогне во зголемување и подигнување на нивоата на водотеците, акумулациите и езерата.

Ваквите временски услови со висока релативна влажност во воздухот според агромемеоролозите добро ќе им дојде и на тутунопроизводителите. Ќе им овозможи оптимални услови за примарната подготовка на тутунот која е во тек. Менувањето на времето со промената на циркулацијата на воздухот ќе ги покачи и утринските и дневните температури.

На овоштарите пак, експертите им порачуваат, декемвриските денови да ги искористат за зимски заштитни активности на дрвјата.

 

Методија Трајков