Третина од Британците не сака да се вакцинираат
Првата пратка од „Фајзер“ и „Бионтек“ стигна минатиот четврток, а за Велика Британија се обезбедени околу 800 илјади дози.

35% од Британците не сакаат да се вакцинираат против ковид-19. Според анкетата на „Опиниум“, голем дел од населението се сомнева во безбедноста и ефикасноста. Британското министерство за здравство соопшти дека вакцината ќе биде достапна од вторник.
Првата пратка од „Фајзер“ и „Бионтек“ стигна минатиот четврток, а за Велика Британија се обезбедени околу 800 илјади дози.
За вакцинација се подготвуваат и САД. Главниот советник за вакцини Монсиф Слауи ќе има средба со новоизбраниот претседател Бајден. Имунизацијата на населението треба да почне на крајот на месецов.
Вакцината нема да биде задолжителна. За неа се очекува одобрение од Агенцијата за храна и лекови.
