Русија стави вето на предлог резолуцијата на ОН за Крим
Кина, традиционален сојузник на Русија, беше единствената членка на Советот за безбедност што гласаше воздржано...

Русија стави вето на предлог резолуцијата на Обединетите нации со која се критикува утрешниот референдум за независност на Крим. Кина, традиционален сојузник на Русија, беше единствената членка на Советот за безбедност што гласаше воздржано.
„Не можеме да се согласиме со основната претпоставка на резолуцијата која го прогласува за нелегален референдумот на кој жителите на Крим самите ќе одлучат за својата иднина. Таа е спротивна на принципот на еднакви права и самоопределување“, изјави Виталиј Чуркин, претставник на Русија во СБ на ОН.
„Русија го спречи прифаќањето на резолуцијата, но не може да ги смени стремежите и судбината на украинскиот народ, ниту да го одрекува тоа што го видовме денес, дека меѓународната заедница масовно се спротивстави на нејзините опасни дејствија“, рече Саманта Пауер, претставник на САД во СБ на ОН.
Украинскиот претставник на седницата соопшти дека 80 припадници на руските сили го зазеле селото Стрилковесеверно од Крим, со поддршка на четири хеликоптери и три армирани возила. Москва тврди дека само ја штителе гасоводната станица од „терористички напади“.