90-годишна жена прва ја прими вакцината против Ковид-19 во Велика Британија

08.12.2020 09:42

Во центрите низ земјата прво ќе се вакцинираат лица над 80 години и некои здравствени работници и вработени во старечки домови. Тие ќе ја примат вакцината што заеднички ја развија „Фајзер“ и „Бионтек“...

Деведесетгодишна жена од Енискилен во Северна Ирска е првиот човек на светот кој примил вакцина против ковид-19 надвор од тестирањата, откако Велика Британија денеска ја почна масовната програма на вакцинирање, што беше наречено Денот В. Маргарет Кинан, која следната недела ќе наполни 91 година, кажа дека ова ѝ е најдобриот роденденски подарок.

Во центрите низ земјата прво ќе се вакцинираат лица над 80 години и некои здравствени работници и вработени во старечки домови. Тие ќе ја примат вакцината што заеднички ја развија „Фајзер“ и „Бионтек“, која на тестирањата покажала 95-процентна ефективност.

Велика Британија е прва земја на светот која одобри вакцина против ковид-19 и до крајот на годината се очекува да бидат вакцинирани околу 400.000 луѓе.