Минатата недела намален број починати и новозаболени од Ковид-19

09.12.2020 11:31

Вкупниот број пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во болниците низ земјава е 1.296 и има околу 160 празни болнички кревети во ковид – центрите, информира Министерството за здравство.

За 10,7 проценти е намален бројот на починати од Ковид-19, а за 4,2 отсто е намален бројот на новозаразени, покажуваат податоците од неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 30 ноември до 6 декември од тестирани 17.456 материјали во лабораториите.

Според вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа, регистрирани се нови 1.120 случаи со Ковид-19, починати се 28 пациенти, а оздравени се 916. Најголем број од новозаболените, починатите и од оздравените се од Скопје.

Вкупниот број пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во болниците низ земјава е 1.296 и има околу 160 празни болнички кревети во ковид – центрите, информира Министерството за здравство.

Вкупниот број Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 69.452, бројката на оздравени пациенти е 45.621, на починати е 1.977, а бројот на активни случаи изнесува 21.854.