Харисон Форд повторно ќе биде Индијана Џонс
Актерот Харисон Форд (78) повторно ќе ја стави карактеристичната капа на Индијана Џонс во петтиот и последен филм од серијата авантури на бестрашен археолог, што се очекува во киносалите во 2022 година, официјално објави Дизни, што воодушеви илјадници обожаватели.

„Ние сме во фаза на пред-продукција за најновиот филм за Индијана Џонс и секако лично за Инди, Харисон Форд се враќа да го заврши патувањето на легендарниот лик“, рече претседателката на Лукасфилм, Кетлин Кенеди, на конференцијата организирана од Дизни.
За разлика од претходните продолженија на сериалот, Стивен Спилберг, кој првично требаше да биде режисер, но подоцна беше префрлен во продукција, повеќе нема да биде зад камерата. Неговото место ќе го заземе Џејмс Менголд, кој ќе го режира петтиот дел од филмската серија, рече Кенеди.
Снимањето треба да започне во пролетта 2021 година, а филмот треба да излезе во јули 2022 година.
Филмот имаше светски успех и го следеа уште две подеднакво популарни продолженија.
Четвртото продолжение „Индијана Џонс и Кралството на кристалниот череп“ продолжи со Харисон Форд, имаше финансиски успех во 2008 година, но не беше прифатен од критичарите и фановите.
Во 2016 година, Дизни го објави продолжението и крајот на авантурата на Индијана Џонс со објавувањето на филмот првично закажано за 2019 година, но проектот беше одложен поради несогласувања меѓу продуцентите, сценаристи и Стивен Спилберг, а подоцна и поради пандемијата „Ковид 19“ што го наруши календарот на најголемите холивудски продукции.
Дијана Гогова Атанасова