На црковниот туризам му е потребна стратегија
Поголемата промоција на Македонија, субвенциите за тур операторите, организираните чартер летови го зголемија бројот на туристи кои одмараа во државата.И додека од една страна езерскиот и планинскиот туризам ги доживува најубавите години, Црковниот никако да мрдне од место. Недостасува стратегија за развој, велат туристичките работници...

Црковниот туризам во Македонија заостанува зад езерскиот и планинскиот.Иако државата по сопственото сахрално богатство е позната и во светски рамки, туристичките работници сеуште неуспеваат овој вид на туризам да се го наметнат на домашните клиенти.
„Како прво треба да се едуцираат луѓе кои ќе знаат тоа да го работат , второ да се направи стратегија како да се работи , трето треб да се напреави пристап до нив и четврто тие објекти да се заштитат“, рече Златко Велковски туристички работник.
Свети Наум, Јован Бигорски , Мактка, ова се најчесто посетуваните места.Но МПЦ има многу што да понуди само да не е каменот на сопнување наречен инфраструктура.
„Патот е многу важна работа за оној кој сака да дојде во тој духовен центар иако ние луѓето кои сме во црквата велиме , ако сакаш да појдеш во манастир да се поклониш треба да направиш подвиг, а подвигот некогаш е да одиш пешки“, рече г-дин Агатангел, Владика на Повардарската Епархија.
Токму затоа до некој од манастирите во тек е изградба на патишта а оние до чии порти има асфалт постојано се отворени.Отец Војче Ѓоргиевски вели, неготинскиот манастирот Свети Ѓоргија го нема во туристичките понуди но секој кој еднаш тука дошол повторно се вратил. Одморот и духовно прочистување, тоа е предноста на овој вид туризам.
„Се надеваме дека оние кои биле тука си поминале духовно убаво ќе раскажат на своите најблиски другари пријатели и дека они ќе зборуваат за посетеноста се повеќе и повеќе“, рече протајереј Војче Ѓоргиев, старешина на манастирот Св.Великомаченик Ѓоргија.
Големиот христијански празник Велигден ни е добра прилика сите да с езапрашаме кој не најблискиот манастир до нашето место. Одговорот кој ќе го добиеме нека биде и предлог дестинација за празничен одмор и релаксација.
Дијана Иванова
