Османи во Букурешт на средба со Чука
Шефот на дипломатијата Бујар Османи во работна посета на Романија. Оствари средба со премиерот на земјата, Николае Чука...

Шефот на дипломатијата Бујар Османи во работна посета на Романија. Оствари средба со премиерот на земјата, Николае Чука. Во фокус на средбата- продолжување на европските реформски напори, посветеноста за унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка.
„Без разлика на актуелните предизвици, не сакаме да изгубиме ниту еден ден во приближување на земјата до европските стандарди. Унапредувањето на добрососедските односи се секако еден од клучните приоритет на Северна Македонија, како модел кој единствено гарантира стабилност и просперитет за целиот регион“, истакнал Османи.
Премиерот Чука изразил задоволство од напредокот и ентузијазмот на Северна Македонија во контекст на европските интеграции, посочувајќи дека напредокот на земјата кон ЕУ ќе придонесе за мирен, безбеден и просперитетен Балкан, што преставува силна гаранција за стабилноста и на поширокото соседство на Балканот, како и воопшто за стабилноста на Европа, соопштуваат од МНР.
На средбата станало збор и за актуелните внатрешно-политички случувања во двете земји, за регионални и глобални прашања и за различни видови на соработка кои ќе ја засилат билатералната соработка меѓу Северна Македонија и Романија.
