Годишно обраќање

Пендаровски: Членството во ниту една меѓународна организација не е вредно, ако бараат да се обезличите

16.12.2020 13:37

Во Собранието, годишно обраќање на претседателот Пендаровски. „Убеден сум, дека членството во ниту една меѓународна организација не е вредно, ако од вас бараат да се обезличите“, рече шефот на државата. Претседателот не гледа потреба за дебата во Собранието или лидерска за спорот со Бугарија...

Во Собранието, годишно обраќање на претседателот Пендаровски. „Убеден сум, дека членството во ниту една меѓународна организација не е вредно, ако од вас бараат да се обезличите“, рече шефот на државата.

Претседателот не гледа потреба за дебата во Собранието или лидерска за спорот со Бугарија, бидејќи како што рече, ниту еден парламентарен политички субјект не го спори идентитетот на македонскиот народ и јазик.

ВМРО-ДПМНЕ со транспаренти пред говорницата, па ја напушти салата.