Османи: Европската интеграција на Западниот Балкан е директен интерес и на поширокото соседство

16.12.2020 14:02

Во рамките на еднодневната работна посета на Романија, министерот за надворешни работи Османи, оствари средбa со својот колега, министерот, Богдан Ауреску.

Во рамките на еднодневната работна посета на Романија, министерот за надворешни работи Османи, оствари средбa со својот колега, министерот, Богдан Ауреску.

Како што соопштуваат од МНР, средбата беше во функција да се реафирмирана силната романската поддршка за европската перспектива на Северна Македонија, но истовремено да се отворат нови коридори на економска размена и унапредување и продлабочување на билатералната соработка.

„Како земја која е непосреден сосед на Западниот Балкан, Романија не само што има директен интерес од развојот и европската интеграција на соседството, туку претставува и одличен познавач на односите меѓу државите од регионот. Во оваа насока со колегата Ауреску се согласивме дека продолжувањето на процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ не само што е од големо значење за нас, туку е значајно и за стабилноста и европскиот напредок на целиот Регион; претставува интерес и на поширокото соседство на Балканот; како и интерес на самата Европска Унија“, изјави Османи.

Двајцата министри разменија мислења, предлози и сугестии за натамошно унапредување и продлабочување на билатералната соработка, со нови содржини во сите области од заемен интерес, ставајќи посебен акцент на потребата од засилување на економската соработка, преку идентификување на можниот интерес за инвеститорите и за интензивирање на трговската размена.

Посетата на Романија претставува дел од мини–турнеја на шефот на дипломатијата за посета на земјите–членки на ЕУ дел од поширокото соседството на Западниот Балкан. Во рамките на турнејата Османи веќе оствари посета на Чешка, а од утре е во работна посета на Унгарија. Мини – турнејата на поширокиот регион завршува на 21 декември со посета на Виена.