Пандемија

Филипче: Новите мерки доследно да се почитуваат

16.12.2020 14:33

Министерот за здравство Филипче апелира - новите мерки доследно да се почитуваат, за да се избегнат нови кластери и ширење на вирусот...

Новите мерки доследно да се почитуваат, за да се избегнат нови кластери и ширење на вирусот- апелира министерот за здравство Филипче. Иако состојбата со Ковид-19 се оценува како стабилна, сѐ уште е голем бројот на болни.

Надлежните посебен акцент ставаат на групните собири во домовите и викендичките за празниците, иако може само да се препорачува, а граѓаните да бидат совесни.

Во однос на информациите што кружеа на социјалните мрежи дека децата што прележале Ковид-19 подоцна имаат компликации, доктор Софијанова вели дека не смее да се генерализира. Имале случаи, но сите ги третирале и се оздравени.

На настанот беше промовиран Одделот за неонатологија, чиј внатрешен дел бил целосно обновен од страна на донација на приватна компанија.

 

Александра Спировска