Трет ден протести и блокади на тутунарите

18.12.2020 14:05

Трет ден од протестите и блокадите на тутунарите од пелагониско. Од 10 до 16 часот денеска го блокираат магистралниот пат Прилеп- Градско на излезот од градот. Решителни се, велат да не отстапат со барањето од она што им следува- реална и достоинствена процена на тутунот. Со нетрпение ја очекуваат попладневната средба со министерот за земјоделство и со откупувачите но со писмени гаранции за ветена флексибилност на откупот...

Трет ден тутунарски блокади на магистралниот пат Прилеп- Градско, но и исчекувања дека може да се остварат барањата за реална процена на родот. Тутунарите од Пелагониско не отстапуваат, зашто, откупувачите, и покрај договарањата досега, велат, си играат со нивната целогодишна мака. Бараат од Сојузот на земјоделските здруженија да ги повлече поверениците од вагите.

Производителите полагаат надежи од најавената попладневна средба во Прилеп на министерот за земјоделство Хоџа со нив и со откупните фирми. Доколку нема писмени гаранции, остануваат со протетите и со блокадите.

Паралелно со протестите, откупните пунктови се отворени за преземање на тутунот.

 

Елизабета Митреска