Тетовските пожарникари на протест
Тетовските пожарникари на протест. Бараат колективно осигурување и корекција на додатоците на плата. Од Општина Тетово велат дека регулирањето на нивниот статус не е локален проблем, туку државен...

Откако пред една година градските власти им ветија исполнување на барањата кои законски има следуваат, а не ги остварија, денеска тетовските пожарникари преки мирен протест предупредија на радикални чекори, ако во блиска иднина Општина Тетово не одговори позитивно и не им обезбеди колективно осигурување и корекција на додатоците на плата.
Но, проблемите на тетовските пожарникари не завршуваат тука. Велат дека интервенираат со стара опрема и по неколку децении. Сѐ што поседуваме е земено преку донации, велат тие.
И покрај тешкотиите со кои се соочуваат, тетовските пожарникари мораат да ги опслужуваат и останатите пет рурални општини од тетовско кои немаат свои единици, а се одалечени и до 30 километри од тетовската противпожарна единица.
За решавање на проблемите ќе бараат средба со премиерот Зоран Заев.
Зоран Димовски
