Состојбата со Ковид- 19 во Велес се подобрува

18.12.2020 15:40

Во Велес состојбата со Ковид-19 месецов е подобра во споредба со претходниот, треба да се внимава за време на новогодишните и божиќните празници за да се спречи ново влошување - оценка на Кризниот штаб. Локалната власт со апел до сограѓаните за совесност...

Да останеме совесни во пресрет на празникот Св. Никола кога многу велешки семејства го чествуват како куќна слава, и да ги почитуваме препораките за заштита од Ковид- 19, апелираше градоначлникот Коцевски на денешната прес-конференеција по одржаната 31-ва седницата на кризниот штаб во Велес.

Од Општата болница Велат дека иако состојбата е значително подобра за разлика од месец ноември, бројот на хоспитализирани пациенти варира, а особено се очекува да се зголеми бројот на позитивни пациенти од Ковид- 19 по празниците.

Во велешко досега заболени се 2.536 луѓе од Ковид- 19, 1.778 се оздравени, 688 се активни, а битката со коронавирусот ја изгубилле 80 граѓани, информираат од Центарот за јавно здравје Велес.

 

Памела Цилаков